ГАРБ (интерактивна еколошка мобилна апликација)

ГАРБ (интерактивна еколошка мобилна апликација)

ГАРБ (интерактивна еколошка мобилна апликација)

Мобилната апликација ќе нуди пакет услуги за различни целни групи (јавни претпријатија кои работат со собирање на отпад - ЈП Комунална хигиена, приватни претпријатија, Пако-Мак, граѓаните, граѓанските организации), како што се: мапирање места на отпадни локации, вид на отпад и состојба со контејнерите, лоцирање диви депонии и можност за организирање настани за собирање на отпадот, информации за места и време за собирање кабаст отпад и градежен шут, контакт со надлежните институции и организации кои работат со отпад, споделување на вести од апликацијата на социјалните мрежи и известување за нови информации и услуги во реално време. Апликацијата ќе гарантира приватност и безбедност на податоците и личните информации, како и релевантноста на собраните и објавените информации. Ќе се примени т.н. сrowdsourcing како иновативен модел за собирање податоци од корисниците, а во исто време ќе се прикаже како граѓаните може да придонесе во решавањето на општествените проблеми. На овој начин, секој кој ќе ја користи апликацијата, ќе може да мапира локација за контејнери, обележи преполн контејнер, да укаже и мапира диви депонии, но и да прикачува слики и коментари. Со ова ќе се има влијание врз подигнувањето на еколошката свест помеѓу граѓаните, а со тоа и на самиот изглед на градот.