Секој може да даде придонес

Секој може да даде придонес

Секој може да даде придонес

Целта на оваа идеја не е само да се создаде платформа која ќе им помага на самохраните родители, туку да се создаде општество на солидарност, сочувство и можност самохраните родители да водат нормален живот. Создавање апликација / веб-страница ќе понуди стабилна врска помеѓу самохраните родители и компаниите и потенцијалните работодавци, создавајќи можности за вработување, обука од невладини организации и образовни институции, а сé со цел - подобрување на нивните вештини. На овој начин самохрани родители ќе имаат поголема можност да се интегрираат на пазарот на труд. Една од алатките на апликацијата / веб страницата ќе биде да се охрабрат самохрани родители да ги нудат своите услуги.

На овој начин, ќе се создаде простор за сите сертифицирани родител да нудат онлајн курсеви во областа во која се специјализирани, како и рекламирање на нивните производи и услуги. Оваа апликација/ веб-страница, исто така ќе има алатка за нудење дадилски услуги. Студентите како и други специјализирани дадилки ќе можат исто така да ги нудат своите услуги.