Во руралните села во Неготино, секоја година жителите се соочуваат со појава на акутни заразни болести, пренесувани од наезди на штетни инсекти - муви. Причината за појава на огромна популација на муви се од неадекватното управување на отпадот како од домаќинствата, така и од отпадот на малите импровизирани фарми кои ги има секое домаќинство во селата. Целта на овој зелен бизнис е отворање на прва фарма за паразитоидни оси Насониа, нивно одгледување, размножување и продавање. Нашиот зелен производ ќе направи заштита преку еколошко уништување на мувите со помош на паразитоидни оси, околу фармите и домовите на земјоделските семејства, на ефикасен биолошки начин, без употреба на инсектициди. Малата паразитоидна оса, е со големина од околу 1.5mm, обично е активна ноќе, има способност на копа во ѓубрето во длабочина до 20 см каде ги пронаоѓа куклите (pupae) на мувите, ги полага своите јајца во нив и ги уништува. Безопасна е за човекот, животните и пчелите, не напаѓа, не боцка и не се рои. Осичките ќе се пакуваат во специјални кутии заштитени од надворешно влијание, и ќе се дистрибуираат и продаваат на фармерите и другите потрошувачи. Корисници за нашите производи ќе бидат: жителите од руралните села, граѓаните во урбаните средини, обичните фарми од руралните села, органските фарми за животни, јавните депонии и службите за дезинсекција.