Асоцијацијата за демократски развој на Ромите "Сонце" ќе основа социјално претпријатие кое ќе нуди услуги за перење на постелнината и чаршафите од рестораните и хотелите од Тетово. Ова социјално претпријатие ќе придонесе за зголемување на вработеноста на жените Ромки во Тетово и подобрување на животните услови на нивните семејства. Од друга страна, компанијата ќе придонесе за задоволување на потребите на пазарот и обезбедување услуги за ресторани и хотели. Компанијата ќе се насочи кон собирање постелнина и чаршафи, перење, сушење и пеглање, како и нивна повторна достава до рестораните и хотелите. Компанијата најпрво ќе почне да работи во општина Тетово, а потоа ќе се прошири и во Општина Гостивар. Компанијата ќе вработи 10 Ромки и 2 Рома од Тетово. Десетте ромски жени ќе бидат одговорни за перење и пеглање на постелнината и чаршафите, а мажите ќе бидат одговорни за прибирање и достава на постелнината и чаршафите од и до соодветните локалии. „Сонце“ откри дека постои потреба за ваква социјална дејност со што ќе се задоволат потребите на рестораните и хотелите. Во Тетово нема друга компанија која нуди вакви услуги.