Остани дете - задржи ја креативноста и претприемачкиот дух

Остани дете - задржи ја креативноста и претприемачкиот дух

Остани дете - задржи ја креативноста и претприемачкиот дух

Клучниот проблем со кој се соочува постоечкиот формален образовен систем се состои во тоа што континуирано ја „загушува“ вродената детска креативност, која по дефиниција ја имаат дечињата од предучилишна возраст. Замислата е да се креира интересен детски лик од претшколска возраст (2-4 години), кој ќе биде главната личност во кратки анимирани видео-епизоди. Во нив ќе се прикажуваат разни секојдневни случки, кои таа/тој ги поминува заедно со членовите на своето семејство (мајка и татко, кои не се задоволни од својата работа, но се плашат да превземат ризик, напуштајќи ја „зоната на комфор“, бидејќи имаат страв од грешка, неуспех и сл., како и многу повозрасен брат/сестра, кој е средношколец/студент, со сериозни симптоми на „заклучена креативност“, заради влијанието на образовниот систем и стереотипите, наметнати од страна на родителите). Во секоја епизода, на забавен начин ќе се конфронтираат вродената креативност и претприемачкиот дух на детскиот лик, наспроти обидите за нивно „загушување“, од страна на родителите. Повозрасниот брат/сестра ќе биде „заглавен во средината“, при што, после почетните обвинувања за „креативните детски глупости“ на неговиот/нејзиниот помал брат/сестра, ќе застане на негова/нејзина страна, со што тие заедно ќе допринесат за промена на однесувањето и на нивните родители. Всушност, секоја епизода ќе завршува со одредена заеднички прифатена порака, во насока на промоција на креативните, иновативните и претприемачките вредности, како што се: размислување „надвор од кутијата“ („out of the box“);учење преку игра, забава и прекршување на воспоставените правила; немање страв од грешка, неуспех и исмевање од страна на средината;замислување на работите низ слики и др.