Учењето може да биде забавно

Учењето може да биде забавно

Учењето може да биде забавно

Учениците од својата најмала возраст сакаат работен простор, книги, апликации и наставни материјали кои ги инспирираат и го прават учењето креативно и забавно. Технологијата преку образовните апликации може многу да помогне во постигање на образовните цели и стекнување вештини. Разновидноста на апликациите, кои пред се мора да се изработени на јазиците на кои се изведува наставата, им е од помош на сите ученици, без разлика на нивните способности и афинитети. За остварување на оваа идеја ќе се формира јадро група од наставници кои се подготвени да го посветат своето време и знаење. Тие преку работилници ќе се обучат за целиот процесот на изработка на образовни апликации од нивно осмислување, дизајнирање, програмирање (кодирање), поврзување со цели на наставната програма до изработка на упатство за користење и публикување на самите апликации. Апликациите ќе се развијат на јазиците на кои се изведува наставата и при изработката ќе се користи принципот на универзален дизајн. Придобивка ќе имаат пред сè учениците, но и наставниците кои изработените апликации освен што ќе ги користат ќе може да ги прилагодуваат според интересите и способностите на своите ученици. Како додадена вредност, обучените наставници ќе го споделат своето знаење со своите колеги.