„Кликни-за-да-донираш“ веб платформа

„Кликни-за-да-донираш“ веб платформа

„Кликни-за-да-донираш“ веб платформа

„Кликни-за-да-донираш“ (Click-to-donate) е веб-страница за fundraising каде што посетителите на веб-страницата преку кликнување на рекламни содржини (банери) донираат за некоја кауза (може да биде и организација или проект).Финансиските средства се генерираат од адвертајзерите (производи/услуги кои се рекламираат), кои плаќаат врз основа на посети/кликнувања и на тој начин го подобруваат својот имиџ како компании кои се општествено одговорни. Соодносот на средства кои ќе бидат генерирани ќе бидат регулирани согласно потребите на проектот, односно организацијата која го спроведува. На пример: 80% од месечниот приход ќе бидат за каузата за која се донира, а 20% ќе бидат за тимот/организацијата која го води проектот односно веб-платформата (забелешка: наведениот сооднос во проценти е само за примерот. Во реална ситуација, тековно ќе се одредува). Сликовито, тоа изгледа вака - посетителот на веб-страната одбира кауза/организација/проект за кои сака да донира, одбира рекламен банер од производ/услуга/ компанија, прелистува рекламни содржини со 5 клика, и по завршувањето на последниот слајд од рекламната содржина, веб-страната го известува дека за одбраната кауза донирал 1 денар. Ќе биде обезбеден пристап на адвертајзерите во секое време да ја следат посетата на своите банери. Со тоа сметаме дека ќе се добие доверба што ќе ја зајакнува соработката и ќе обезбеди нови адвертајзери.