Project News

Wrap up of the training cycle in the framework of Smart Start project in Strumica

During the final training in the framework of the Smart Start project held from 28.02-02.03.2017 in Strumica, prosperous social entrepreneurs were informed about how social entrepreneurship in France operates. Martin Vendinski and Maria Vaniola shared with the audience their experiences on the Social Enterprise “Emmaus” -  France, notably in regards to the recycling old clothes and assistance to the homeless. Afterwards, Barbara and Tomasz Sadowski from the Social Enterprise "Barka" from Poland told their story from the beginnings of the enterprise which after almost thirty years has grown into one of the most prominent organizations providing development of disadvantaged categories of citizens and improving their job skills and competences. Barbara Sadowski as a member of the working group for preparation of the Law on Social Entrepreneurship presented the attendees the latest version of the law and pointed out that the whole procedure will be open to suggestions and comments. The following two days, all participants who compete for startup grant actively participated in the final processing of their business plans. Namely, under the “troika mentorship” composed of Riste Jurukovski, Ljupka Naumovska and Igor Andreev, classical lectures and “island” workshops were organized for the selected organizations through which they received opinions and suggestions aiming at improving their business plans. Participants also practiced the so called. "Elevator speech" in which in 2 minutes they should present their social mission and business strategy of its future social enterprise. This completes the training cycle, whereas in April is expected to be organized the final event at which will be announced the 10 best social-entrepreneurial ideas. Before the training, all of the participants visited one of the most active social entrepreneurship in South Macedonia – the Therapeutic Community “Pokrov”.



За време на завршната обука во рамки на проектот Смарт Старт која се одржа од 28.02-02.03.2017 во Струмица, идните социјални претприемачи беа информирани за тоа како функционира социјалното претприемништво во Франција. Мартине Вендински и Мариа Ваниола ги пренесоа на присутните своите искуства поврзани со социјалното претпријатие ЕММАУС од Франција, пред сè во поглед на рециклажата на стара облека и помошта кон бездомниците. Потоа, Томаш и Барбара Садовски од социјалното претпријатие „Барка“ од Полска ја раскажаа својата приказна од почетоците на претпријатието кое за речиси триесет години прерасна во една од најеминентните организации која нуди развој на маргинализираните категории граѓани и унапредување на нивните работни вештини и знаења. Барбара Садовска како член на работната група за подготовка на законот за социјално претприемништво им ја претстави на слушателите последната верзија на законот и посочи дека целата постапка во неговото донесување ќе биде отворена за предлози и забелешки. Следите два дена сите слушатели зедоа активно учество во финална обработка на нивните бизнис планови со кои се натпреваруваат за добивање start up грант. Имено, под водство на менторската тројка во состав Ристе Јуруковски, Љупка Наумовска и Игор Андреев, во форма на „остров“ работилници и класично предавање, избраните организации добија мислења и предлози од страна на тројката со цел подобрување на нивните бизнис планови. Учесниците исто така вежбаа и т.н. „лифт говор“ во кој за 2 минути треба да ја презентираат својата општествена мисија и бизнис стратегијата на своето идно социјално претпријатие. Со ова се завршува циклусот обуки, а во месец Април се очекува завршниот настан на кој ќе бидат прогласени 10-те најдобри социјално-претприемачки идеи. На обуката ѝ претходеше посета на едно од најактивните социјални претпријатија во јужниот дел од Македонија - Терапевтската заедница „Покров“.  

Galerija: